Доктор Дарко Василевски го заврши протестот со глад пред Медицинскиот факултет во Скопје

by irena 09:16
09:16

Доктор Дарко Василевски го заврши шестдневниот штрајк пред Деканатот на Медицинскиот факултет.

Порача дека и покрај нарушеното здравје, си заминува со крената глава.

„Денес, по краткиот разговор со деканот на Медицинскиот факултет, сфатив дека како Дон Кихот, се борам со ветерници и имам преголеми очекувања од институциите“, напиша Василевски на Фејсбук.

Вели дека не жали што го кренал гласот и што сам се обидел да се избори за себе и да укаже на неправдите.

„Се надевав дека мојот случај ќе биде лекција како не треба во иднина, дека треба секому да му се даде шанса, праведна, а не да се бројат години или да се влечат врски“, наведува тој.

По шестдневен штрајк, Василевски вели дека си заминува со нарушено здравје, но горд што издржал и не се откажал под притисок.

Додава дека фер и транспарентната постапка ќе биде предмет на проверка пред надлежните инспекциски и судски органи.

„Фала ви на сите за поддршката, а јас и понатаму ќе одам против ветерници, не знам како поинаку“, порача докторот.

Слични вести