1
Претседателот на САД – Доналд Трамп изјави дека цените на горивата во САД наскоро би можеле значително да се намалат.
Трамп, говорејќи за актуелната воена состојба и нејзините економски последици, порача дека очекува цените на горивата да паднат наеднаш.
Според него, намалувањето на цените би било една од последиците од развојот на ситуацијата, при што посочи дека војната е „речиси завршена“ и оти очекува да заврши во многу блиска иднина.
Изјавата доаѓа во период на зголемена неизвесност на енергетските пазари, при што секое намалување на геополитичките ризици може да влијае врз цените на нафтата и горивата.
Трамп не даде конкретна проценка за тоа колку би можеле да се намалат цените, но нагласи дека падот би бил значителен.