1
Тепачка меѓу двајца осуденици вчера се случи во амбулантното одделение на затворот „Идризово“, при што едниот беше повреден со остар предмет и пренесен во болница.
„На 05.10.2026 во 19:45 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 18:35 часот во амбулантното одделение во установата, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу осудениците М.М.(28) од скопско и Р.Е.(41) од Битола, кој употребил остар предмет и му нанел повреда на М.М., по што бил пренесен во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.