(ВИДЕО) Се фалеше со брзо возење на Инстаграм – полицијата го уапси

by irena 18:59
18:59

Сообраќајната полиција во Подгорица го уапси Н.К.(22) од Тузи (град во југоисточна Црна Гора), откако управувал возило со брзина од 157 километри на час на магистралниот пат Подгорица – Тузи, на делница каде што ограничувањето е 80 км/ч.

Како што соопшти Управата на полицијата, младиот човек управувал автомобил од марката „мерцедес“.

„Тој управувал возило ‘мерцедес’ на патот Подгорица – Тузи со брзина од 157 км/ч, на делница каде што ограничувањето на брзината е 80 км/ч“ – соопштија од полицијата.

Од Управата на полицијата додадоа дека Н.К. објавил видео од прекршокот на социјалната мрежа Инстаграм.

Слични вести