(ФОТО) Пронајдени се повеќе од пет килограми дрога скриени кај браник на автомобил

by irena 16:35
16:35

Во акцијата „Хоризонт“ се уапсени С.С. и Д.С. од Требиње, а пронајдени се неколку килограми дрога.

Акцијата ја спроведоа полициски службеници од Управата за организиран и тежок криминал при Министерството за внатрешни работи на Република Српска, Полициската управа Требиње и Жандармеријата.

С.С. и Д.С. се товарат поради постоење основи на сомнение дека го сториле кривичното дело неовластено производство и промет со опојни дроги од член 207, став 3, во врска со став 1 од Кривичниот законик на Република Српска.

За време на операцијата, полицијата пронајде и одзеде големо количество различни видови наркотици. Запленети се 3.383,14 грама марихуана, 1.971,1 грам амфетамин и 79,38 грама кокаин, како и неколку семки од марихуана.

Покрај дрогата, полициските службеници одзедоа неколку мобилни телефони, СИМ-картички и носачи за СИМ-картички, детектор за фреквентни сигнали, како и пиштол од марката „Црвена застава“ (калибар 9 мм) со соодветен рам и шест куршуми.

Пронајдена е и дигитална вага за прецизно мерење, како и тетратка со евиденција на купувачи на опојни дроги, а одземените предмети би можеле да послужат како докази во кривичната постапка.

По завршувањето на криминалистичката истрага, уапсените лица, заедно со извештајот за стореното кривично дело, ќе бидат предадени на надлежниот обвинител од Окружното јавно обвинителство во Требиње, под чиј надзор се спроведува акцијата.

Од Министерството за внатрешни работи на Република Српска соопштија дека активностите во рамките на оперативната акција продолжуваат.

Слични вести