Учениците низ Франција и денес ги блокираа средните училишта, а на улиците им се придружија и возрасни демонстранти за да го поддржат движењето што трае веќе неколку недели и се прошири низ целата земја.
Учениците низ Франција и денес ги блокираа средните училишта, а на улиците им се придружија и возрасни демонстранти за да го поддржат движењето што трае веќе неколку недели и се прошири низ целата земја.
🔴 DIRECT | Tensions vives entre manifestants et policiers sur le pont Gallia à Strasbourg. https://t.co/PqgEjI48K0
— La Presse Libre (@LaPresseLibre_) October 6, 2026
Големите француски синдикати, исто така, им дадоа поддршка на учениците.
Според официјалните проценки објавени од француските медиуми, речиси 90.000 луѓе учествувале во утринските протести, пред почетокот на главниот марш во Париз. Синдикатот ЦГТ (CGT) изнесе многу повисока бројка, тврдејќи дека околу 260.000 демонстранти учествувале во „денот на мобилизација“.
Судири со полицијата беа забележани, меѓу другото, во Лион и Рен. Во Лион за време на демонстрациите беа користени пиротехнички средства, додека полицијата во Рен употреби водени топови против демонстрантите. Две тинејџерки беа повредени во Блан-Менил, во областа Сен-Сен-Дени.
Напнато е и во Париз. Пред средното училиште „Елен Буше“, учениците поставија импровизирани барикади од контејнери и велосипеди, додека некои родители и други граѓани застанаа меѓу демонстрантите и полицијата. Училиштето, како и стотици други низ земјата, е затворено.
Protesters briefly scuffle with riot police in Strasbourg during a nationwide day of high-school blockades and trade union-led demonstrations across France. https://t.co/llLkQRrV8E
— Al Arabiya English (@AlArabiya_Eng) October 6, 2026
Првите протести започнаа кон крајот на минатиот месец во пошироката област на Париз, а иницијативата тогаш ја презеде Синдикатот на средношколци, кој повика на блокада на училиштата низ целата земја.
Протестите брзо се проширија низ Франција, од Лил преку Марсеј до Нант, а стотици училишта беа делумно или целосно затворени.
Учениците се жалат на недостиг од наставници, пренатрупани распореди, дотраени училници и училишни згради кои не се прилагодени на зголемените температури.
Иако бројни протести поминаа мирно, на некои места избија судири со полицијата. Беа запалени училишта и контејнери, а во текот на минатата недела беа уапсени повеќе од 5.000 луѓе.
Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека околу 86.000 луѓе учествувале во протестите надвор од Париз.
Во францускиот главен град се очекуваат уште 40.000 демонстранти, што значи дека вкупниот број на луѓе на улиците би можел значително да надмине 100.000.
Според Министерството за образование, наставата е целосно или делумно прекината во 891 училиште низ Франција.
Синдикатот на средношколци „Union Syndicale Lycienne“ тврди дека дури 1.800 средни училишта и околу 90 проценти од универзитетите се блокирани или затворени.
Синдикатот бара отворање на 150.000 нови места во високото образование, издвојување десет милијарди евра за итна реконструкција на училиштата и масовно вработување на наставници.