Уапсени две вработени во „Државна лотарија“ – осомничени за злоупотреба на околу 80 милиони денари

by irena 15:05
15:05

Нова акција за финансиски злоупотреби во АД „Државна лотарија“. Неофицијалните информации се дека две жени кои работеле во секторот за финансии злоупотребиле околу 80 милиони денари (над 1,3 милиони евра), а дејствијата што се истражуваат се од 1 јануари 2024 година.

Наводно, сомнежите се однесуваат на начинот на кој биле евидентирани и движени парите од уплатните места за игри на среќа.

Според информациите, се истражува дали со фиктивна документација биле прикажувани исплати и добивки, како и дали пари биле префрлани од една на друга сметка за финансиски да се затвораат обврските.

Парите од уплатните места требало да бидат евидентирани и уплатени како дневен промет, но сомнежот е дека дел од средствата фактички ги немало, иако сметководствено состојбите биле затворани.

Неофицијално приведена е екс раководителката на финансии, како и уште едно лице, уште од времето на работењето на екс директорот – Перпарим Бајрами.

Акцијата ја спроведува Управата за финансиска полиција во координација со Обвинителството.

Слични вести