Полициски службеници на различни локации во државата во текот на изминатото деноноќие лишиле од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
-Од нив, осум управувале возило без положен возачки испит и тоа: А.А.(33) од Скопје, М.Д.(28) од с.Љуботен, скопско, Б.С.(43) од с.Брест, скопско, 34-годишната Г.А. од с.Врапчиште, гостиварско, С.С.(37) од с.Степанце, Општина Старо Нагоричане, Б.Ш.(40) од с.Рогле, Општина Желино, И.А.(45) од с.Чешиново, Општина Чешиново – Облешево и О.Ј.(44) од Штип. Под дејство на алкохол управувале три лица и тоа: Ј.С.(56) од Скопје Д.Р.(73) од Македонска Каменица и Р.Ј.(47) од радовишко, кој управувал и во спротивна насока. Со активна мерка забрана за управување на возило управувал П.К.(46) од Прилеп – информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.