Прегазена 79-годишна скопјанка во Охрид

by irena 12:34
12:34

Повозрасна скопјанка била прегазена вчера на улица во Охрид.

– Вчера околу 10:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки управувано од 52-годишниот Б.Х. од Охрид, удрило во 79-годишната М.Н. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Н., констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид, инфомрираа од МВР.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид, при што е констатирано дека Б.Х. го управувал возилото иако имал изречена активна забрана за управување.

По целосно документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.

Слични вести