Peugeot го претставува својот нов дизајн на изложбениот простор на Саемот за автомобили во Париз 2026

by irena 10:28
10:28

• Новиот дизајн кој ќе биде претставен на изложбениот простор ги одразува вредностите на брендот, истакнувајќи го задоволството при возење, францускиот шарм и визијата на PEUGEOT за иднината.

• Смел, интерактивен и модуларен изложбен простор, кој премиерно ќе биде претставен на Саемот за автомобили во Париз 2026 и ќе се применува на сите меѓународни и локални настани на кои учествува брендот.

• Во Хала 4, на простор од речиси 1.300 m², каде ќе бидат претсавени и ќе имаат светска премиера двата концептни автомобили заедно со PEUGEOT POLYGON Concept. Простор посветен на перформансите каде бида и новиот PEUGEOT E-208 GTi, легендарниот PEUGEOT 205 GTi и PEUGEOT 9X8, кој се натпреварува во FIA Светскиот шампионат во издржливост (FIA World Endurance Championship), како и целокупната гама на PEUGEOT.

• Прес-конференцијата на PEUGEOT ќе се одржи на 12 октомври во 10:10 часот, пред отворањето за јавноста што ќе трае од 13 до 18 октомври 2026 година.

НОВ ПОТПИС НА PEUGEOT

Спектакуларен, веднаш препознатлив и имерсивен, овој архитектонски концепт е замислен да стане препознатлив потпис на PEUGEOT за неговите најзначајни автомобилски настани, без разлика дали се меѓународни, национални или локални. Овој нов потпис ја истакнува амбициозната цел: да се создаде искуство со брендот кое буди емоции и љубопитност и го приближува секој посетител до производите, иновациите и визијата на PEUGEOT.

Концептот е модуларен дизајн и е создаден за да се приспособува на различни формати на настани, притоа задржувајќи моќен и доследен идентитет.

ТРИ СВЕТА ВО КОИ МОЖЕТЕ ДА ГО ДОЖИВЕЕТЕ PEUGEOT

• Спектакуларен простор замислен како доживување

Сместен во Хала 4, изложбениот простор на PEUGEOT со површина од 1.291 m² е организиран во неколку јасно дефинирани целини. Над секоја од нив се издигнува впечатлива црна конструкција која го врамува просторот и создава силен визуелен идентитет, насочувајќи го вниманието кон изложените возила.

Во централниот дел на изложбениот простор, две посебно уредени зони посветени за најновите модели ги истакнуваат возилата поставени на подиум, надополнети со впечатливи визуелни елементи.

Претставен на 12 ноември 2025 година, PEUGEOT POLYGON Concept има свој посебен простор. Два симулатори со Hypersquare® ќе им овозможат на посетителите да откријат нов, поинтуитивен и поагилен начин на управување и од прва рака да ја искусат визијата на PEUGEOT за иднината на i-Cockpit®.

• Задоволството при возење и перформансите се во центарот на вниманието

Во преден план е и спортското уживање во возењето. Новиот PEUGEOT E-208 GTi ќе биде изложен покрај својот култeн претходник, PEUGEOT 205 GTi, во рамките на презентација што го поврзува спортското наследство на брендот со неговата современа визија за перформанси.

Друг простор ќе го истакне учеството на PEUGEOT на FIA Светскиот шампионат во издржливост (FIA World Endurance Championship) со PEUGEOT 9X8. Овој Hypercar е олицетворение на високите стандарди, иновациите и експертизата на PEUGEOT SPORT на една од најпрестижните автомобилски натпреварувари во светот.

• Светлосна патека низ целата гама

Широките патеки ги поврзуваат различните светови, создавајќи флуидна рута истакната со светлосна линија. Таа ги води посетителите низ целата гама на PEUGEOT: 208, 2008, 308, 308 SW, 408, 3008 и 5008.

Оваа сценографија ги комбинира архитектонската впечатливост, прегледноста и високото ниво на изведба. Таа создава природна поврзаност меѓу концептните автомобили, моделите со високи перформанси и сериските возила, овозможувајќи јасна и кохерентна интерпретација на светот на PEUGEOT.

Секоја целина е дизајнирана да ги истакне возилата, истовремено поттикнувајќи откривање, интеракција и лично искуство. На тој начин, изложбениот простор станува вистинско место за средба меѓу брендот, неговите иновации и публиката.

ЖИВОПИСЕН ИЗРАЗ НА ВРЕДНОСТИТЕ НА PEUGEOT

Овој нов концепт на изложбен простор дава конкретен израз на трите вредности кои го обликуваат идентитетот на PEUGEOT: DRIVING SENSATIONS (Чувства при возење), FRENCH CHARISMA (Француски шарм) и DESIGNED TO LAST (Дизајнирано да трае).
Driving Sensations (Чувствата при возење) се изразува преку итензивно доживување, непосредна емотивна врска со возилата и откривање на технологии создадени за искусување на ново ниво на задоволство при возење.

Францускиот шарм се отсликува преку смела архитектура, моќната естетска визија и презентација која ги обединува елеганцијата, спектаклот и емоцијата.

Designed to Last (Дизајнирано за да трае) е олицетворение преку висококвалитетен, модуларен концепт, наменет за приспособување и реализација на различните саеми за автомобили на кои учествува PEUGEOT.

Во Париз, PEUGEOT претставува амбициозна визија во рамките на саемскиот простор: место кое оди подалеку од едноставното изложување на возила и ја оживува секоја димензија на брендот.

ПРИДРУЖЕТЕ СЕ НА PEUGEOT НА САЕМОТ ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ПАРИЗ 2026

PEUGEOT официјално ќе го претстави својот нов изложбен простор на прес-конференцијата на 12 октомври во 10:10 часот.

Јавноста потоа ќе има можност да го открие целосното ново искуство со PEUGEOT од 13 до 18 октомври 2026 година, во Хала 4 на Paris Expo Porte de Versailles.

Слични вести