Трагедија во Војводина – возачот излета од патот и удри во дрво

by irena 18:43
18:43

Српските медиуми пишуваат дека денеска, нешто по 13 часот, во градот Србобран (Војводина) на улицата „Бранислав Нушиќ“, се случи сообраќајна несреќа во која загина едно лице.

На местото на настанот пристигнаа полицијата, брзата помош и пожарникарите.

Автомобилот „фиат стило“ удри во дрво покрај патот. По кривината, возачот од непознати причини изгубил контрола, излетал од патот и удрил во дрво.

Возачот бил сам во автомобилот.

Слични вести