Ѓоковиќ го совлада Зверев во Пекинг и го урна рекордот на Надал

by irena 16:19
16:19

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на турнирот во Пекинг. Александар Зверев беше поразен, а со тоа падна и рекордот на Рафаел Надал по бројот на последователни победи.

Ѓоковиќ го совлада Зверев во четвртфиналето со резултат 2:1 (4:6, 6:4, 6:4).

Новак изгледаше одлично на теренот уште од самиот почеток на мечот, без никакви знаци на замор или проблеми што го мачеа во изминатите месеци, пишува „Спорт клуб“.

Ова е 32-ра последователна победа на Ѓоковиќ на турнирот во Пекинг, каде што никогаш нема претрпено пораз.

На тој начин, тој го урна рекордот на Рафаел Надал, кој има 31 последователна победа на „Ролан Гарос“.

Слични вести