Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги запре нападите врз Украина и да покаже подготвеност за преговори, истакнувајќи за време на неговата посета на Киев дека нападите врз цивилното население мора веднаш да престанат.
Мерц, како што пренесува Ројтерс, истовремено најави нова германска воена и финансиска помош за Украина во вредност од околу 1,35 милијарди евра.
While President Zelenskyy was showing Chancellor Merz the aftermath of Russian strikes on Kyiv, a new air raid alert sounded as Russian drones approached Kyiv again.
Russia has been attacking Ukraine all morning today. https://t.co/xWHbSz409u
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) October 4, 2026
„Претседателе Путин, запрете ја оваа бесмислена војна! Подготвени сме да разговараме, подготвени сме да разговараме за завршување на оваа војна. Но, овие варварски напади врз цивилното население на Украина мора да престанат“, рече Мерц.
Мерц, придружуван од украинскиот претседател Володимир Зеленски, ја посети Националната академија на науките во Киев, која беше погодена во напад со беспилотно летало.
За време на посетата на Мерц, повеќепати се огласија сирените за воздушна опасност поради руските напади со беспилотни летала, додека еден мост во северниот дел на украинскиот главен град беше погоден претходно утрото.
„Нема да дозволиме да нè заплашат“, рече германскиот канцелар, оценувајќи дека руските напади имаат за цел да го скршат моралот на украинското население.
Говорејќи пред урнатините на академијата, Мерц рече дека нападите како оној од минатиот понеделник јасно ја покажуваат бесмисленоста на војната.
„Напад врз Академијата на науките во Киев, во центарот на градот, на само неколку стотици метри од германската амбасада. А утрово, во текот на една мирна недела, сирена за воздушна опасност во Киев. Ова се воени злосторства што се вршат овде секој ден“, рече Мерц.