Најмалку двајца загинати и еден исчезнат во невремето во Барселона

by irena 12:34
12:34

Најмалку две лица го загубија животот, а едно се води како исчезнато во Барселона поради поројни дождови што ја зафатија Каталонија, објавија денеска локалните власти.

Претседателот на регионалната влада на Каталонија, Салвадор Ила изјави дека 65-годишен маж го загубил животот во Тордера кога врз него се урнал ѕид, дека друго лице настрадало во Монторњес, додека едно лице е исчезнато во Пинеда де Мар, пренесува РТВЕ.

Тој оцени дека ситуацијата е сè уште многу тешка, особено во северниот дел на Каталонија, и ги повика граѓаните да бидат исклучително внимателни и да ги следат упатствата на надлежните служби.

Слични вести