СВР Штип поднесе кривична пријава против Т.Н. (30) и С.Н. (32) двајцата од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 28.07.2026 во семејна куќа во Штип, првопријавениот заедно со второпријавениот, кој е негов брат, физички ги нападнале сопругата и блиските членови на првопријавениот, упатувајќи им и закани.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против В.П. (45) од беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „загрозување на сигурноста“. На 06.09.2026 во семејниот дом, пријавениот упатувал закани на неговата сопруга.
На 03.10.2026 во 02:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид од слобода го лишија К.С.(38) од Охрид по претходна пријава дека во семејниот дом, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 02.10.2026 од ЈУ ЦСР Виница во ОВР Виница е пријавено дека кај нив на 01.10.2026 во 13:30 часот 38-годишна жена од виничко село била физички нападната од нејзиниот сопруг К.Ц.(48) од виничко село. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
На 02.10.2026 во 14:30 часот во ОВР Свети Николе, 29-годишна жена од светиниколско село пријави дека нејзиниот вонбрачен сопруг В.С.(40) од село Баница, струмичко, дошол во домот на родителите на пријавителката кај кои истата се вратила и и се заканил по нејзиниот живот. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
На 03.10.2026 во 01:00 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода М.А.(28) од село во неготинско, постапувајќи по претходна пријава дека во домот агресивно се однесувал и му се заканувал на неговиот 31-годишен брат. По преземени мерки било констатирано дека М.А. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,78 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.