Хрватите спречиле влез на пиперки од Македонија поради „сериозен ризик“

by vlatko 23:07
23:07

Нова пратка со зеленчук од Македонија е запрена при обид да се извезе во Хрватска, објави „Телма“.

До Европскиот систем за брзо предупредување за храна, за само 10 дена стигнале уште две известување од Хрватска, за спорни пратка со лути пиперки испорачани од земјава.

Во системот на Европската комисија пратката е означена со „сериозен ризик“.

Хрватска и претходно реагираше до европскиот систем за 50 тони овошје и зеленчук од Македонија.

И тогаш стануваше збор за пиперки, но и пратки со сливи.

Слични вести