Познатата хрватска пејачка Тереза Кесовија поради здравствени проблеми е примена во болница.
Таа требаше да настапи на 3-ти и 4-ти октомври, но концертите беа одложени поради нејзината здравствена состојба.
Животот на Кесовија не е во опасност, но лекарите процениле дека таа мора да остане во болница додека не се стабилизира нејзината состојба, пренесуваат хрватските медиуми.
„Нејзиниот живот не е во опасност, но треба да се стабилизира. Таа не заврши во болница од претпазливост бидејќи имаше срцеви проблеми, па затоа беше задржана во стабилизација. Да не се појавеше срцевиот проблем, Тереза немаше да заврши во болница“, изјавил извор близок до пејачката.
Веста за одложувањето на концертите претходно беше објавена на официјалната веб-страница на Концертната сала „Ватрослав Лисински“, со образложение дека претставите се одложени од здравствени причини.
„Драга публико, поради здравствени причини, концертите на Тереза Кесовија најавени за 3 и 4 октомври 2026 година се одложуваат. Информациите за новите датуми ќе бидат објавени подоцна“, се наведува во соопштението.