Ѓоковиќ влезе во елитно друштво – само Моника Селеш и Рафаел Надал го постигнаа овој успех

by irena 21:45
21:45

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ оствари 30 победи без ниту еден пораз на турнирот во Пекинг.

Со тоа, Новак влезе во таканаречениот „клуб 30“, бидејќи забележал најмалку 30 победи на еден турнир, без притоа да претрпи пораз во тоа натпреварување.

Тоа им успеало само на Моника Селеш и на Рафаел Надал.

Моника Селеш го постигна тоа на Австралија опен, каде што забележа 33 победи во исто толку мечеви во периодот од 1991 до 1999 година, кога беше поразена во полуфиналето. Претходно таа освои четири титули, а во меѓувреме дури четири пати го пропушти турнирот во Австралија.

Надал го постави овој рекорд на Ролан Гарос. Таму настапи за првпат во 2005 година и потоа врза дури 31 победа, односно освои четири титули, пред да биде елиминиран во четвртото коло во 2009 година од Швеѓанецот Робин Содерлинг.

Слични вести