Ветерот што може да ја одвее пепелта, може и повторно да го распали огнот

by bogdan 15:51
15:51

Борбата на партиите за контрола на власта е толку жестока на моменти, што ништо друго во државата не функционира, освен тоа што е неопходно за да се постигне надмоќ во борбата за власт.

Зошто служат субвенциите во земјоделието, да обезбедат стабилност на достапноста на храна или да ги полнат џебовите на партиските војници?

Зошто постои образовен систем, да едуцира стручни кадри или да им дели дипломи на партиски активисти?

Зошто има судови и полиција, да го одржуваат редот и мирот или за да репресираат политички противници?

Зошто постои буџет, за да се финансира со него функционирањето на државата или за да може да се пљачка преку наместени тендери?

Зошто постои државата? За да им обезбедува витални услуги на нејзините граѓани или да служи како собирен центар за даноци и кредити од кои ќе се намируваат апетитите на политичарите?

А, сепак, народот е државата. Ако луѓето си заминат, нема да има од кого да се краде.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК