(ВИДЕО) Филипче кон Мицкоски: Може ли таков идиот да е човекот комплетен, да не изолира целосно од ЕУ

by irena 12:19
12:19

Лидерот на СДСМ Венко Филипче, денеска на прес-конференција во Собранието, заедно со пратеничката група на СДСМ и коалицијата, а во пресрет на посетата на Фон дер Лајен, упати остра и навредлиива порака до премиерот Христијан Мицкоски да не си игра со иднината на земјата.
Филипче за Мицкоски рече дека „е комплетен идиот“ кој ја изолира Македонија целосно.

– Дајте ние луѓе да зборуваме за иднината. Не знам дали сте свесни колку е сериозна ситуацијата сега, денеска, утре во пресрет на посетата на Фон дер Лајен. Не знам дали сте свесни каква тежина политичка има овој момент во којшто после 30 и кусур години ние сме во ќорсокак за Европа по желба лично на Христијан Мицковски. Дали сте свесни дека има јасен чист патоказ за четири земји, нас таму не нема. До 2030 година отворена е вратата во Европа. Земји членки ќе станат Албанија, Црна Гора, Украина и Молдавија. Нас не нема. Притоа Христијан Мицкоски се уште глуми патриот.

Ќе го бранеше името, јазикот, културата, идентитетот. Па се е зачувано во меѓународните договори. Они тоа го признаваат. Па сеа некои будалаштини збори дека Исланд не сакал во Европска унија, па Исланд е дел од заедничкиот пазар. Па може ли таков идиот да е човекот комплетен, да не изолира целосно – изјави Филипче.

Слични вести