1
Четириесет и седумгодишна охриѓанка била претепана вчера пред деловен објект во Охрид.
-Вчера во 20:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека пред деловен објект во охридското село Куратица бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од Г.А. врз Д.Ј.(47), двајцата од истото село, при што Д.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница во Охрид. По целосно документирање на настанот против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Скопје.