Земјотрес со јачина од 2,7 степени во близина на Дубровник

by valentina 08:39
08:39

Земјотрес со јачина од 2,7 степени утрово ја потресе областа на Дубровник, јавува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот се случи во 7:02 часот по локално време, а епицентарот бил на четири километри северно-североисточно од Дубровник, на длабочина од шест километри. Епицентарот се наоѓа на околу 80 километри од Мостар.

Засега нема информации за евентуална штета.

Слични вести