Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска, 1 октомври, поради планирани интервенции без електрична енергија ќе останат корисници на повеќе улици во Скопје.
Прекините ќе се одвиваат во различни периоди, и тоа:
Од 07:55 до 10:05 часот – улиците „Авраам Писевски“, „Ордан Чопела“, „Челопек“, „БИС 159“, „Петре Ѓеоргиев“ и дел од „Менделиева“, општина Гази Баба.
Од 08:00 до 14:30 часот – улица „12-та Македонска бригада“, „Аврора“, „Кресна“, „Митре Влаот“, „Димитар Македонски“ и „Детелин Војвода“, општина Аеродром.
Од 09:00 до 13:00 часот – дел од улица „1“ во Визбегово, улица „Камени Мост“ во Визбегово и дел од објектите во околината на фирмата „Саманта“, општина Бутел.
Од 09:00 до 13:00 часот – улица „8“ во Стајковци, општина Гази Баба.
Од 09:00 до 13:00 часот – улица „Драгутин Аврамовски Гуте“, општина Карпош.
Од 10:15 до 12:25 часот – улиците „Челопек“, „Петар Ѓеоргиев“, „159 БИС“ и „Ордан Чопела“, општина Гази Баба.
Од 12:00 до 14:00 часот – улица „Кирил и Методиј“, општина Центар.
Корисниците на овие локации се известуваат навремено да ги имаат предвид најавените прекини во снабдувањето со електрична енергија.