Мојсоска: Откупната цена на пченицата денес е пониска од пред три децении

by irena 20:51
20:51

Пратеничката во македонското Собрание од редовите на Левица, Јована Мојсоска, денеска им даде поддршка замјоделците од цела Македонија, кога со лично присуство ја поседи нивната блокада на регионалниот пат Припел-Битола.

„Денес земјоделците и сточарите здружено протестираа против игнорантниот однос на десничарската власт, која додека се занимава со дата-центри, нема стратегија ниту да обезбеди леб за нацијата. За споредба, во 1993 година откупна цена на пченицата била 12 денари. Денес откупната цена е 10 денари, односно Македонија е поуназадена од состојбата во која била пред 35 години. Важно власта има пари за да склучува криминални милионски договори за прослава на т.н. независноста“, изјави Мојсоска.

Пратеничката истакна дека држава што не е способна да обезбеди храна за сопствениот народ не е ниту независна, ниту суверена. А, уште помалку е трета економска сила.

Слични вести