1
ЈП „Градски паркинг“ – Скопје ги известува граѓаните дека од утре (1 октомври) почнува зимското работно време на јавните површини наменети за зонско паркирање со кои стопанисува претпријатието.
Во зоните А, Б и Ц, работното време ќе биде од понеделник до петок од 7:00 до 21:00 часот, а во сабота од 7:00 до 14:00 часот.
На јавната површина наменета за паркирање зона Д, работното време останува непроменето, односно од понеденик до сабота, од 7:00 до 23:00 часот.
Од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје им препорачуваат на сите корисници навремено да ја извршат наплатата за паркирање и да го почитуваат работното време на зоните.