Осум скопски улици утре без вода

by irena 15:20
15:20

ЈП Водовод и канализација известува дека утре со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на општина Чаир.

Оттаму информираат дека поради уличен дефект Ф-150 милиметри на улицата Цветан Димов бб (кај Хатунџук џамија), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Фан Ноли, Чаирска, Јајце, Челопек, Аврам Писевски, Зеф Љуш Марку, Бајрам Шабани и улица „157“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Слични вести