Ќе нема кој да ја ,,дели” правдата во Кривичниот суд, од 59 судии осум се над 59 години, а пет над 64 години

by valentina 13:22
13:22

Во Кривичниот суд избрани се 59 судии, а активно судат 53, од кои голем дел се повозрасни и во следните години ќе се пензионираат. Ова значи дека додека се зголемува бројот на судски предмети, забрзано се намалуваат судиите кои треба да ја ,,делат” правдата.

Од овие 59 судии, 8 се над возраст од 59 години, а 5 се над 64 години, што значи дека набрзо ќе заминат во пензија.

Статистиката на Кривичниот суд покажува и дека меѓу судиите предничи бројот на жени, односно 41 судијка, а 14 се мажи.

Но, освен судиите под потребите е и бројот на останатите службеници вработени во судот.  Од 628 предвидени места со систематизација, пополнети се само 208.

В.В.

 

Слични вести