„Играа ножеви“ во тетовско поради недоразбирање во сообраќајот – поднесена кривична по 10 месеци

by irena 12:08
12:08

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Х.(23), Г.И.(46) и И.И.(25), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „предизвикување општа опасност“.

Како што информираа од полицијата за настанот кој се случи пред десетина месеци, на 12.12.2025 во близина на угостителски објект во с. Камењане, тетовско, по претходно недоразбирање во сообраќајот, настанала физичка пресметка помеѓу пријавените, при што првопријавениот со остар предмет му нанел повреди на второпријавениот.

Слични вести