Велика Британија треба да размисли и за враќање во ЕУ, вели британскиот премиер

by irena 10:13
10:13

Британскиот премиер Енди Бурнам изјави дека Велика Британија треба да ги разгледа различните можности за својот долгорочен однос со Европската Унија, вклучително и можноста повторно да стане членка. Тој во интервју за Би-Би-Си оцени дека Брегзит донел повеќе штета отколку корист.

Бурнам порача дека Лондон треба да ги разгледа сите модели на идниот однос со Европа и да ги процени нивните предности, недостатоци и практична изводливост.

Како можности ги посочи задржувањето на сегашниот однос со ЕУ, пристапувањето кон царинска унија, враќањето на единствениот европски пазар, но и целосно повторно членство во Унијата.

Велика Британија на референдумот во 2016 година одлучи да ја напушти ЕУ, по повеќе од четири децении членство. Брегзит потоа беше проследен со повеќегодишни политички и економски последици, како и преговори за новите односи меѓу Лондон и Брисел.

Бурнам најави дека на британско-европскиот самит во ноември ќе бидат разгледани можностите за долгорочниот однос на Велика Британија со ЕУ.

Тој претходно изјави дека би сакал Велика Британија повторно да се приклучи кон Унијата во текот на неговиот живот, додавајќи дека земјата не може да си дозволи уште една деценија неизвесност околу ова прашање.

Слични вести