Кривичен му даде ,,гратис” еден месец на Стафа за порано да излезе од затвор, тој се жали на Апелација и бара повеќе

by valentina 10:14
10:14

Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа доби еден месец условен отпуст од Кривичниот суд, односно наместо во март 2027 година да излезе од затвор, кога му истекува казната, да излезе во февруари. Но Стафа не бил задоволен, па поднел жалба до Апелација.

Инаку, Стафа беше осуден на казна затвор во траење од 1 година и 3 месеци (15 месеци), откако во април 2026 година призна вина и склучи спогодба со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Стафа беше уапсен на 13 декември минатата година. Според пресудата тој примил вкупно 50.000 евра за да посредува и да влијае кај апелациониот судија Ѓоко Ристов за да го ослободи својот клиент, Љупчо Пецов Ѓаволот, од притвор.

По примањето на парите, Стафа беше уапсен, а кај него биле пронајдени и одземени паричните средства.

В.В.

Слични вести