Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија го уапсија С.Ч.(42) од околината на градот Кучево (источна Србија), поради постоење основи на сомнение дека го сторил кривичното дело проневера.
Како што соопшти полицијата, осомничениот, како лице одговорно за поштата во близина на Кучево, во текот на септември оваа година, со намера да се стекне со противправна имотна корист, присвоил готовина од касата што му била доверена при извршувањето на работата.
Според полицијата, станува збор за сума од околу 1.289.300 динари (околу 11.000 евра), со што, како што се сомнева, е оштетено и претпријатието „Пошта Србије“ ДОО Белград.
Апсењето е извршено по налог на Посебното одделение за сузбивање корупција при Вишото јавно обвинителство во Краљево.
Осомничениот, заедно со кривичната пријава, ќе биде изведен пред надлежното обвинителство.