Осмоодделенец нападна со нож во словачко училиште, наставничката им подлегна на повредите

by irena 13:55
13:55

Во основното училиште во градот Сташков, во округот Чадца на север од Словачка, утрово ученик од осмо одделение нападнал неколку лица во училишната зграда со нож.

Еден наставник е убиен во нападот, додека друг наставник и еден ученик се тешко повредени.

Според официјалните информации од Оперативниот центар за итна медицинска помош на Словачка, спасувачките екипи испратиле два медицински хеликоптери на местото на несреќата.

„Воздушните спасувачи го пренесоа детето во критична состојба во болница. По укажаната прва помош, 44-годишната пациентка со убодна рана во пределот на градниот кош исто така беше префрлена во болница со хеликоптер. За жал, 61-годишната жена претрпе сериозни повреди и подлегна и покрај обидите за реанимација“, потврди портпаролката на спасувачката служба Петра Климешова.

Портпаролката на полицијата, Даниела Кочкова, изјави дека безбедносните сили преземаат сите потребни мерки за решавање на ова сериозно кривично дело.

Кратко по интервенцијата, полицијата нагласи дека осомничениот напаѓач е под контрола и дека повеќе нема непосредна опасност за другите ученици и персоналот на училиштето.

Слични вести