Поранешната прва антикорупционерка Билјана Ивановска во видео-интервју за „Фокус“ ја коментира целата ситуација поврзана со парите потрошени за прославата по повод 35 години од независноста на државата. „Кој е сега идиот“ беше нејзината реакција, како што вели, како алузија и за потрошените 5,5 милиони евра и за договорот склучен на последниот ден од јавниот повик, како и воопшто за нетранспарентноста во целиот овој процес.
„Мојот впечаток е дека се што беше поврзано со прославата беше однапред добро смислено, но како да имаше дозирано доставувани инфомрации до јавноста. И, тоа повеќе ја сензибилираше и наелектризира истата јавност во негативна смисла на зборот. Тоа не е во согласност, ниту со добро владеење, ниту со добро управување на државните средства. Ниту, пак ги почитува принципите на транспаретност, одговорност и отчетност“, вели Ивановска во интервјуто за „Фокус“.
Во него, таа се осврнува и за фамозниот ДУП „Барутана“ на Водно, за што во јавноста беше еден од најгласните критичари на јавната расправа, а се произнесе и за работата на актуелниот состав на ДКСК како и за коруптивноста во македонското општество воопшто.
Подготвиле:
З.Фиданоски – О.Костов