Се отстрануваат дивите продавачи на Бит-пазар, сообраќајот е во колапс

by irena 11:20
11:20

Полиција утрово го преполни Бит-пазар поради акција за отстранување на диви препродавачи. Голем број полициски автомoбили се паркирани на коловозот па булеварот „Крсте Петков – Мисирков“ е едвај прооден, а сообраќајниот метеж е прелеан и на околните улици.

„СВР Скопје во координација со Град Скопје презема мерки за отстранување на нелегални препродавачи“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Продавачите кои на импровизирани тезги секој вторник и четврток продаваат градинарски производи поставени дури и на автобуските постојки, утрово ги нема, а ги нема и оние кои покрај нив, продаваа облека и секакви други производи.

Слични вести