Серискиот убиец од Куманово призна три од четирите убиства на жени за кои му се суди

by irena 17:27
17:27

Трајко Бојковски, обвинет за четири убиства на подрачјето на Старо Нагоричане, на денешното рочиште во Основниот суд Куманово призна дека извршил три од делата што му се ставаат на товар.

На рочиштето сведочеше проф. д-р Стојан Бајрактаров, специјалист по психијатрија и форензичка психијатрија, кој извршил стручно вештачење на обвинетиот. Според неговиот наод, Бојковски има ограничени интелектуални капацитети, на граница меѓу лесно намалена и нормална интелектуална способност.

Бајрактаров посочи дека обвинетиот можел да опише одредени настани и свои постапки. Како пример го наведе моментот кога Бојковски избегал од куќата на една од жртвите откако забележал бел автомобил и помислил дека пристигнува нејзиниот син.

Бојковски се товари за убиства на четири жени на подрачјето на Старо Нагоричане. Најголем дел од жртвите биле повозрасни жени кои живееле сами, додека една била помлада.

Завршните зборови во судскиот процес се закажани за 6 октомври.

Слични вести