Португалија ја победи Норвешка – Роналдо остана на клупа

by irena 08:49
08:49

Португалија ја победи Норвешка со 2:1 во второто коло од групната фаза на Лигата на нации. Натпреварот се одигра синоќа на стадионот „Улевал“ во Осло.

Жоао Феликс и Гонсало Рамош постигнаа голови за Португалија. Еден гол на Рамош ВАР го поништи поради минимален офсајд. Ерлинг Халанд го постигна единствениот гол за Норвешка.

Капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо, го помина целиот натпревар на клупата.

Португалија освои шест бода по две кола и се искачи на врвот на Групата 4 од Лигата А. Норвешка, со три бода, е на второто место.

Португалците ќе го играат својот следен натпревар од Лигата на нации против Данците, додека Норвежаните ќе играат против Велс.

Слични вести