Вучиќ најави помилувања и амнестија за студентите кои ги предводеа протестите

by vlatko 18:19
18:19

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави дека ќе донесе одлука за помилување и аболиција на некои лица за настаните од изминатата година и пол, а во овој контекст ги спомена и „Новoсадската група“ и студентката Мила Пајиќ.

Вучиќ, на почетокот од своето гостување на Радио телевизија на Србија, не прецизираше по име за кого ќе се однесуваат помилувањата, но по повеќе од еден час од гостувањето рече дека тоа се однесува и на „Пајиќовата група од Нови Сад“.

-Мислам дека дел од луѓето учествуваа во сè што се случуваше во земјата во последната година и пол, од двете страни. Многумина ќе бидат изненадени од помилувањата и аболицијата – рече тој.

Тој додаде дека една одлука ќе важи за оние кои имаат осуда, а друга одлука за оние кои немаат осуда.

-Верувам дека ова ќе придонесе и за помирен живот и подобро разбирање на сите – рече Вучиќ.

Слични вести