Со телесни камери ги спречуваме службениците директно да бараат мито од граѓаните? Супер, значи не ни треба ни форензика, ни анализирање документација, ни земање изјави од сведоци, ни врбување доушници и информатори, ни посебни истражни мерки, јок бре, само фрлање пари е тоа. Дајте сѐ што е одвоено во буџетот за борба против корупцијата да инвестираме во телесни камери и мирна ни глава! – ќе заклучат надлежните.
Аналогија се онлајн-сервисите за вештачка интелигенција, кои многу ученици ги користат за да не мора да научат самите да истражуваат и анализираат и да разбираат што пронашле, оти „попаметно“ е да го прашаат Грок или Чет џи-пи-ти или Џемини.
Кога ќе им каже вештачката интелигенција дека „според истражувањето на ПИСА, дури 26 отсто од македонските ученици се функционално неписмени по математика“ ако нивната реакција е „а дали 26 отсто е повеќе или помалку од пола?“, јасно е дека вештачката интелигенција е немоќна пред природната глупост.
Пишува
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК