Мито од 3.000 до 5.000 евра за избор на војници за мировни мисии?!

by bogdan 10:58
10:58

Според нашите информации, војниците на мировни мисии одат во Косово, Босна и Херцеговина, Бугарија, Романија и Латвија, каде што се праќаат водови од 30, плус-минус, војници.

Тие се сместени во бази, а се прави по една или две ротации, во зависност од тоа каде се испратени на мировна мисија.

Во Косово се испраќаат по два вода, двапати годишно, од 30 до 33 луѓе и се прават по две ротации, додека, пак, во Бугарија и во Романија по една ротација.

Во Латвија се испраќа поспецифичен вод, каде што има само 12 војници. Нашите извори тврдат дека шемата за одење на мировни мисии години наназад е добро разработена и се спрема од повисоките ешалони во одбрана, каде што наводно се даваат од 3.000 до 5.000 евра мито, за да се најдат војниците на списокот.

Поточно, повеќето од нив одат на мисии шест месеци, а земаат плата повеќе од 3.000 евра, па обвинувањата се дека една плата наводно оди за митото што го даваат.

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК