1616

by bogdan 19:48
19:48

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

МОЛКОТ НЕ СПАСУВА ОД ОДГОВОРНОСТ
Кој ќе сноси одговорност ако утре на Водно се повтори трагедија со размери како онаа во Кочани? Дали институциите што упорно молчат, одбивајќи да се изјаснат дали првичната верзија на ДУП-от „Барутана“, ќе ја загрози безбедноста на скопјани како резултат на можни свлечишта?

МИТО ЗА МИСИЈА
Нашите извори тврдат дека шемата за одење на мировни мисии години наназад е добро разработена и се спрема од повисоките ешалони во одбрана, каде наводно се даваат од 3.000 до 5.000 евра мито, за да се најдат војниците на списокот.

ХАШКИТЕ СЛУЧАИ
Уставниот суд повеќе од две годни не ја разгледува иницијативата на Павле Трајанов за „Хашките случаи“. Чекале да се комплетираат и да одлучуваат во комплетен состав по ова значајно прашање, кое пред 15 години политички, а не судски, го закопаа политичарите од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

ФИРМИ ПРЕКУ КОИ ИСЧЕЗНУВААТ МИЛИОНИ
Околу една третина од должниците на УЈП се повторуваат на листите уште од 2019 година или порано. Податоците отвораат прашања и за компании со минимален или без број на вработени, големи промети и даночни обврски, како и за тоа како настанале и зошто со години остануваат ненаплатени милионските долгови.

ХУТИТЕ НА ПОРТИТЕ НА ЦРВЕНО МОРЕ
Јемен повторно се наоѓа во центарот на блискоисточната криза. Хутите, движење кое пред нешто повеќе од една деценија го освои главниот град Сана, денес се обидуваат да ја претворат својата воена сила во стратешка контрола врз еден од најважните поморски премини на планетата.

КАМЕРИ СО НАЈДОБРИ НАМЕРИ
Со телесни камери ги спречуваме службениците директно да бараат мито од граѓаните? Супер, значи не ни треба ни форензика, ни анализирање документација, ни земање изјави од сведоци, ни врбување доушници и информатори, ни посебни истражни мерки, јок бре, само фрлање пари е тоа.

СПОРОТ БУГАРИЈА-МАКЕДОНИЈА
Според науката за меѓународните односи, најтешки за решавање се споровите помеѓу државите, кои имаат идеолошка основа-политичка или верска. Спорот помеѓу Бугарија и Македонија е токму таков спор, затоа што двете држави спорат околу историски прашања, околу идентитетски прашања, околу посебноста на македонскиот јазик и околу автокефалноста на МПЦ.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Се бараше став од Македонија по прашањето на санкциите.Раководена од желбата за мир во федерацијата и свесна дека ЈНА е сè уште на територијата на нашата република, Македонија ги поддржа санкциите на ОН и на ЕЗ.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Во системот Мафијадонија, за поголем број функционерски билмези, со голема веројатност може да се дијагностицира Данинг-кругеров ефект на невешти и необразовани, кои страдаат од илузорна надмоќност, погрешно проценувајќи ја својата способност како многу поголема од реалната.

Ана ПАНОВСКА
Алтернатива за Германија последниве години си го зголемува гласачкото тело, така што германскиот граѓанин мора да остане буден. Впрочем и Хитлер победил на избори, чисто и со масовна поддршка на обичните граѓани.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Клучна година за иднината на ЕУ ќе биде претстојната 2027 година, кога од политичката сцена ќе си заминат Емануел Макрон и Фридрих Мерц. Независно од фактот дека и тие не се некои „лидери“, нивното заминување од политичката сцена дополнително ќе ја обезглави ЕУ.

Проф. д-р Благица СЕКОВСКА
Прехранбената сигурност не е прашање за земјоделски саеми и протоколарни фотографии. Тоа е прашање на суверенитет. Државата што не ја чува својата земја, својата вода и својот производител, на крајот ќе зависи од туѓата земја, туѓата вода, туѓите цени и од туѓите интереси.