Македонец повреден во несреќа на работното место во Италија, со хеликоптер пренесен во болница

by irena 11:33
11:33

36-годишен Македонец бил повреден во несреќа при работа во италијанското место Баришано, во провинцијата Л’Аквила.

Според информациите на италијанската агенција АНСА, Македонецот се здобил со повреди на главата и рамената додека работел во компанија за производство и обработка на инертни материјали, покрај државниот пат 261 „Субеквана“.

На местото веднаш пристигнале екипи на итната медицинска помош. Поради сериозноста на повредите, 36-годишниот работник бил транспортиран со хеликоптер во болницата во Л’Аквила, каде бил примен со црвен код.

На местото на несреќата интервенирале и карабинерите, како и претставници на локалната здравствена служба.

Надлежните започнале истрага за да утврдат како точно дошло до несреќата и дали биле почитувани сите пропишани мерки за безбедност при работа.

Слични вести