Пронајден и приведен бегалец од затворот „Идризово“

by irena 14:16
14:16

Денеска (18.09.2026) во 09:15 часот, полициски службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка, Отсек за потрага по цел, во Дебар го лишиле од слобода лицето А.М. (33) од Дебар, кое било во бегство од Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“.

Лицето е осудено на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија – “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

А.М. е предаден на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Дебар за понатамошна постапка.

Слични вести