1
Вчера околу 17:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на Центар, настанал пожар во задниот дел на автобус на ЈСП, се наведува во полицискиот билтен.
Пожарот бил изгаснат од возачот и од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Повредени лица нема, односно сите патници безбедно се симнале.