Пет тинејџери загинаа во Ирска во тешка сообраќајна несреќа откако, според истрагата, возеле во спротивен правец на автопат и снимале опасно возење за објава на социјалните мрежи.
Трагедијата предизвика силна јавна реакција и повторно ја отвори дебатата за влијанието на ТикТок и другите платформи врз ризичното однесување кај младите.
Несреќата се случила во раните утрински часови на 16 август на автопатот М9. Автомобилот „БМВ“, во кој биле петмината тинејџери, се движел во спротивен правец и се судрил со „Хјундаи“, во кој патувале три сестри и седумгодишно дете.
Сите четворица од „хјундаи“ биле тешко повредени. Тие патувале кон аеродромот во Даблин за да заминат на семејна свадба во Велика Британија.
Во несреќата загинале Џо Карти, на 15 години, Камил Пустковски, Џек Кенеди и Алекс Мекарти, сите на 17 години, како и 18-годишниот Џереми О’Брајан.
Ирската полиција верува дека групата претходно учествувала во кражби на домови и автомобили во округот Килдер и дека намерно се обидувала да предизвика полициска потера. Според извештаите, неколкумина од нив и порано објавувале снимки од опасно возење.
На социјалните мрежи веќе подолго време кружат видеа во кои млади луѓе снимаат екстремно брзо возење, полициски потери и движење во спротивен правец. Во ваквите снимки, самото патување практично станува претстава за публиката, а ризикот е дел од содржината.
Photos of 5 UK
Five teens killed after their stolen car crashed on wrong side of the motorway 'had been terrorising communities for a fortnight'The teenagers who died after their stolen car ploughed into an innocent family on the M9 had been 'terrorising' several communities… pic.twitter.com/DCCqeG8ODU
— News News News (@NewsNew97351204) August 18, 2026
Професорката по форензичка киберпсихологија, Мери Ајкен, оценува дека социјалните мрежи дополнително го засилуваат ризичното однесување.
Според неа, младите во исто време се и во реалниот свет и во дигиталниот простор, што може да го намали чувството за последиците од сопствените постапки.
„Размислуваат само за лајковите и за тоа како ќе изгледаат пред другите“, оценува Ајкен.
По трагедијата, ТикТок се најде под дополнителен притисок откако на платформата се појавиле нови снимки од опасно возење.
Компанијата одбила да се појави пред парламентарниот комитет за медиуми во Ирска, повикувајќи се на тековната полициска истрага, истрагата на медиумскиот регулатор и фактот дека други платформи не биле повикани.
Дел од политичарите веќе бараат и построги казни, па дури и возењето во спротивен правец на автопат во одредени случаи да се третира како обид за убиство.