58
Утринава избувна пожар во куќа во скопската населба Козле.
Куќата од чии прозорци излегуваше чад се наоѓа на улицата „Јуриј Гагарин“.
Во моментов пожарникари од скопската противпожарна бригада се на терен и интервенираат со две противпожарни возила.
На местото е присутна и екипа на Итната медицинска помош.
„Денеска (18.08.2026) во 07:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. ‘Јуриј Гагарин’ опожарена е куќа. Во тек е гасење на пожарот од страна на Бригадата за противпожарна заштита“ – соопштија од МВР.