Сведоштво за автобуската несреќа во Унгарија: Луѓето беа под седиштата, сите врескаа и бараа помош

by valentina 21:43
21:43

Најлошата автобуска несреќа во Унгарија во последните 23 години се случила ноќта од сабота кон недела, околу 1 часот по полноќ. Автобус што превезувал полски аџии кои се враќале од Меѓугорје, скршнал од патот во канал и се превртел во близина на градот Мезокерешеш. Од 57 патници, 12 загинале, а 10 биле тешко повредени и однесени во болница.

Операција за спасување на патниците низ прозорците на автобусот и извлекување на заглавените внатре започнала веднаш на местото на несреќата.

Полицијата се сомнева дека возачот на автобусот заспал на воланот и е приведен.

„Автобусот само се преврте, се преврте и јас се удрив во главата, но бев доволно свесна за да разберам што се случило бидејќи сите седишта беа искинати. Луѓето беа под седиштата, сите врескаа и бараа помош. И јас бев повредена, рамото ми беше скршено, ребрата ми беа скршени, а ‘рбетот ми беше повреден“, изјавила повредената патничка Хелена Тлучек, објави „Данас.хр“.

„Ја извлеков сестра ми, или поточно ја повлеков за нозете и ѝ реков – спаси се со рацете, а јас ќе те повлечам за нозете. Го зграпчив и ременот на човекот кој беше прикован под седиштето и го извлеков на тој начин. После тоа, се струполив“, додаде Хелена.

Слични вести