Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во текот на попладневните часови се очекува зголемување на нестабилноста во повеќе делови од земјава.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој на одредени места повремено може да засилува.
Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови и за краткотрајно невреме, проследено со засилен до силен ветер, поинтензивни врнежи за краток временски период и појава на град.
Поради локалниот карактер на нестабилноста, временските услови може значително да се разликуваат од едно до друго место, при што во одредени подрачја ќе се задржи претежно стабилно и сончево време, додека во други се можни поинтензивни врнежи и грмежи.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во поголемиот дел од денот се очекуваат стабилни временски услови со подолги сончеви периоди.