Две години истрага без ниту еден доказ, апсурдно политичко обвинение за колективна одлука, реагира ДУИ откако Обвинителството поднесе обвинение против поранешниот вицепремиер Артан Груби.
-ДУИ изразува сериозна загриженост поради поднесувањето политичко обвинение за индивидуална одговорност која произлегува од колективна одлука. По две години истрага, јавноста заслужува да знае врз кои конкретни докази и аргументи се заснова едно вакво обвинение. Ја почитуваме независноста на институциите на правдата, но истовремено бараме еднаква и неселективна правда. Колективните одлуки не можат да се претворат во инструмент за селективна одговорност и политички прогон на поединци. Токму затоа бараме целосна транспарентност на постапката, со цел јавноста, медиумите и експертите да можат да се запознаат со секое тврдење, доказ и аргумент на странките, реагираат од ДУИ.
Тие бараат и меѓународен надзор за овој случај, тврдејќи дека ниту еден исказ, ниту еден доказ и ниту еден факт не го прави обвинението основано.