47
Полицијата ја пронајде 15-годишната Кристина од Охрид, која вчера се оддалечила од својот дом и за која било пријавено исчезнување.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека малолетничката била пронајдена денеска во 12:20 часот, на крстосницата на улиците „АСНОМ“ и „Никола Карев“ во Охрид.
„По преземени мерки и активности, полициски службеници ја пронајдоа малолетничката, а во содејство со Центарот за социјални работи таа е предадена на нејзините родители“, информираат од МВР.