Автомобил се судри со камион кај Кичево, две лица повредени и пренесени во болница

by irena 12:46
12:46

Утрово сообраќајна несреќа е регистрирана во близина на селото Тајмиште, кичевско, при што две лица се повредени.

Според информациите од МВР, несреќата се случила околу 8 часот и во неа учествувале патничко и товарно возило.

Повредени се маж и жена кои биле во патничкиот автомобил. Тие биле пренесени во Општата болница во Кичево за укажување лекарска помош.

Полицијата извршува увид на местото, а дополнителни детали за причините и околностите под кои се случила несреќата ќе бидат соопштени по неговото завршување.

Слични вести